Ако сте љубители на книгите и чувствувате дека вашата самодоверба е намалена, овие книги ќе ви помогнат да ја вратите.
1. „Моќта на потсвеста“ – Џозеф Марфи
Книгата која има моќ да го промени вашиот живот. Стана популарна и применувана откако се докажа дека навистина нашиот живот зависи од нашите мисли – доколку тие се позитивни, ќе ни се случуваат позитивни работи, а доколку се негативни ќе имаме депресивно расположение и многу непријатни, негативни случки како резултат на нашата потсвест.
2. „Алхемичарот“ – Пауло Коелјо
Најпродаваниот бестселер во светот од жив автор. Многу поучна книга која го раскажува авантуристичкиот живот на младиот овчар Сантијаго кој во потрага по богатство, нови искуства и запознавање на нови светови ќе замине од својата земја, а на крајот ќе сфати дека… Нека остане тајна додека ја прочитате.
3. „1 минута за себе“ – Спенсер Џонсон
Во оваа приказна, д-р Спенсер Џонсон открива едноставен, лесен начин да го извадите максимумот од себе. Со користењето на неговите докажани совети од една минута вие можете:
- Да ја подобрите грижата за себе и да ги охрабри другите да го сторат истото
- Да го намалите стресот на работа и дома
- Да уживате во чувството на мир и рамнотежа
- Да постигнете поголем професионален и личен успех
Животот се живее од минута во минута. Со практичната мудрост која ги карактеризира сите негови книги, д-р Џонсон покажува како запирањето за миг и земањето една минута од денот, може да го направи животот пријатен за вас и за оние во вашата близина.
4. „Кој го здипли моето сирење?“ – Спенсер Џонсон
Слична на „1 минута за себе“, оваа книга ќе ве научи како да ги гледате ризиците во одлуките кои ги носите и ќе ви покаже како полесно да станете имуни на промени доколку ризикот не ви се исплати.
5. „17 правила за правилен живот“ – Ог Мандино
Правилата кои сите ние секојдневно ги прекршуваме, а се поврзани со нашиот карактер, темперамент, размислување и однесување кон другите луѓе, а и кон себе… Вреди да се прочитаат.
6. „Вероника реши да умре“ – Пауло Коелјо
Девојката имаше сè. Пари, работа, пријатели, семејство, но, сепак не беше среќна. Ништо не можеше да ја пополни празнината која таа ја чувствуваше во своето срце. Еден ден реши да се самоубие, но беше навреме спасена и сместена во лудница. Дознајте што се случува понатаму откако ќе ја прочитате. Книгата ќе ве научи да го цените животот и да ги видите сите убавини кои тој ви го нуди, така што читајќи ја, постојано ќе се ставате на местото на Вероника.