Од партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, велат дека Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата.
„Во текот на овие три децении, Албанците во Република Северна Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери). Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ.
Нема ресор Министерство за интеграции – НЕ ПОСТОИ
Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – НЕ ПОСТОИ
Ќе има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф. *Нема врска друже, само да влеземе еднаш, па ќе видиме“, се истакнува во соопштението на Алсијанса за Албанците.
Од ВРЕДИ пак нагласуваат дека е добро што Европскиот фронт сфатил дека е опозиција и потенцирааат – ВРЕДИ достоинствено ќе ги претставува сите Албанци
„Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците.
Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок.
ВЛЕН добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците.
Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт“, соопштуваат од ВРЕДИ.
J. Ѓ.