ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борел: ЕУ ја поздравува Резолуцијата на ОН за поддршка на планот на Бајден за Газа

June 11, 2024 11:46
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија го поздравува усвојувањето на Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се поддржува новиот предлог за прекин на огнот објавен на 31 мај, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со усвојувањето на документот со кој се поддржува планот за прекин на огнот во Газа предложен од американскиот претседател Џо Бајден.

– ЕУ потсетува на својата целосна поддршка на сеопфатниот патоказ претставен од претседателот на САД, Џо Бајден. Ги повикуваме двете страни да го прифатат и имплементираат предлогот од три фази, се додава во изјавата.

Борел натаму нагласува дека ЕУ воедно бара итно спроведување на оваа, како и на резолуциите 2728, 2720 и 2712 на Советот за безбедност на ОН.

– ЕУ е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решението за две држави и да поддржи координирани меѓународни напори за обнова на Газа, се нагласува во изјавата на Борел.

Советот за безбедност на ОН синоќа со 14 гласа „за“ и еден „воздржан“  усвои Резолуција со која се изразува поддршка на предлогот претставен од американскиот претседател Бајден за итен прекин на огнот во Газа. За усвојување на Резолуцијата гласа 14 членки на Советот за безбедност на ОН, а Русија беше воздржана.

Во текстот се потенцираат и дипломатските напори на Египет, САД и Катар за ставање крај на конфликтот, се наведува дека Израел го прифатил планот на Бајден и се повикува и Хамас да го стори истото.

Планот на Бајден, промовиран на 31 мај, опфаќа три фази. Првата фаза предвидува прекин на огнот, ослободување на киднапираните жени, деца и повозрасни лица од страна на Хамас во замена на палестински затвореници, повлекување на израелските сили од населените места во Газа, зголемување на хуманитарната помош за палестинското цивилно население, обнова на основните услуги и враќање на цивили во нивните домови на целата територија на Појасот.

Во втората фаза се предвидува почеток на преговори за конечно мировно решение, ослободување на сите преостанати киднапирани Израелци од страна на Хамас и целосно повлекување на израелските сили од Газа.

Третата фаза предвидува спроведување на план за обнова на Газа, што ќе трае неколку години.

Next Post

Од четврток услови за врнежи и пад на температурите, викендот стабилно и сончево

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Венецуела вели дека ќе ги брани своите брегови од „тајни операции“ на САД

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

„Ел Класико“ денеска во Мадрид: 262-та пресметка меѓу Реал и Барселона

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk