ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заклучоци од мировната конференција со декларација: Територијалниот интегритет на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната

June 16, 2024 17:42
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната.

Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество на сите страни.

– Актуелната војна на Руската Федерација против Украина продолжува да предизвикува големи човечки страдања и уништувања, создавајќи ризици и кризи со глобални последици, се наведува во завршната декларација од дводневната мировна конференција во Швајцарија.

Во документот се предупредува дека секоја употреба на нуклеарна енергија и нуклеарни инсталации мора да бидат безбедни, соодветно обезбедени, заштитени и еколошки прифатливи.

– Украинските нуклеарни централи и постројки, вклучително и нуклеарната централа во Запорижја, мора безбедно да работат и под целосна суверена контрола на Украина, во согласност со принципите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и под нејзин надзор, се наведува во заедничката изјава и се потенцира дека секаква закана или употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.

На конференцијата во Швајцарија учествуваа претставници на 92 држави и на осум организации, меѓу кои на Европска Унија, на Советот на Европа и на Обединети нации.

Завршната декларација не ја потпишаа земјите-членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), како и Ерменија, Бахреин, Ватикан, Индонезија, Либија, Мексико, Саудиска Арабија, Словачка, Швајцарија, Тајланд и Обединети Арапски Емирати.

Потписниците на декларацијата, меѓу кои и Украина, оценија дека за постигнување на мир потребно е учество и „дијалог со сите страни“.

На мировната конференција не присуствуваа претседателите на САД, на Кина и на Бразил, Џо Бајден, Си Џинпинг и Луиз Инасио Лула да Силва. Додека потпретседателката на САД, Камала Харис и германскиот канцелар Олаф Шолц си заминале порано.

Русија не беше поканета на мировната конференција.

Претходно, премиерот на Канада, Џастин Трудо најави дека наскоро ќе организира меѓународен собир на министрите за надворешни работи посветен на жртвите од војната во Украина.

Tags: КонференцијаУкраина
Next Post

Четири копретседатели на ДОМ ќе ја водат партијата како в.д. раководство до локалните избори наредната година

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk