ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Браќа и сестри“ совест не ве гризе, вирус не ве фаќа

Во моменти кога се затворени сите градинки, училишта, факултети, кога се затворени кината, театрите, се откажуваат најавени концерти и други музички манифестации, кога спортските настани се одржуваат без публика тие од ВМРО-ДПМНЕ прават масовен собир - Конвенција со илијада и повеќе луѓе на едно место

March 12, 2020 12:07
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

„Браќа и сестри“, ДПМНЕ вчера во Македонската филхармонија одржа партиска конвенција пред преполна сала. Како што може да се забележи од фотографиите, било многу весело и многу полно.

Конвенција на ВМРО-ДМНЕ. Македонска Филхармонија 11.3.2020. Фото: Фејсбук страна Христијан Мицкоски

Ма, величествено! Ма, БРАВО!
Тука е „шпицниот“ кандидат Мицкоски. Тука се сите позади него и до него. Само на сцената позади говорницата има 120 души кандидати за пратеници и пред сè нели одговорни граѓани кои претендираат да се грижат за донесување и спроведување на законите во интерес на граѓаните, а уште илјада и повеќе исто така одговорни и совесни граѓани се во публиката.

Овие „браќа и сестри“ од говорницата и од првите редови се истите оние кои деновиве грла одраа до министерството за здравство и министерот Филипче да спроведе построги мерки за заштита на граѓаните од корона вирусот. Ете, овие „браќа и сестри“ без никакво чувство на одговорност вчера во Македонска филхармонија собраа куп народ во моменти когазабраните и препораките се да се избегнуваат масовни собири за да не се шири корона вирусот.

Во моменти кога се затворени сите градинки, училишта, факултети, кога се затворени кината, театрите, се откажуваат најавени концерти и други музички манифестации, кога спортските настани се одржуваат без публика тие од ВМРО-ДПМНЕ прават масовен собир – Конвенција со илијада и повеќе луѓе на едно место.

„Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Коалицијата „За обнова на Македонија“!“, заврши вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Конвенцијата пред полната сала граѓани, без око да му трепне.

„Пушка не ги дупи“, вирус не ги фаќа.
Алал одговорност вмровци!

Само ден претходно на владина седница, Владата донесе мерки за забрана и препораки.

Во една од нив се вели:

„Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува и неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.“

Прашувам:

– Кој треба да ги спроведе овие мерки и дали организаторите на Конвенцијата ќе понесат одговорност затоа што не ја почитуваат забраната?

– Чувствуваат ли некаква морална одговорност од ВМРО-ДПМНЕ за свесно предизвикување на потенцијална опасност по здравјето на граѓаните во ваква вонредна ситуација?

Претходно Дафина Стојаноска од ИК ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција побара:

„Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности.“

На истиот прес Стојановска се закани и со кривична пријава до министерот Филипче:

„Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка.“

Зошто ВМРО-ДПМНЕ користат кризни ситуации за да поентираат партиски, а од друга страна не се ни придржуваат до сопствените препораки?

На министерот можете да му реплицирате за што сакате друго, но за тоа дека министерот  се однесува крајно професионално, совесно и со навремени реакции во вака една кризна и сензитивна ситуација се сложува целата критичка јавност

На крај, на Дафина Стојановска од пресот или на Христијан Мицкоски од Конвенцијата, на кого да му обрнеме внимание, на кого да му веруваме?

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
FILE PHOTO: Pump jacks operate in front of a drilling rig in an oil field in Midland, Texas U.S. August 22, 2018. Picture taken August 22, 2018. REUTERS/Nick Oxford/File Photo

Пад на цената на нафтата

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk