ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Ципрас му ја врачија првата Награда за мир Преспа на Метју Нимиц

June 17, 2024 18:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев од Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, која е организирана од Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите.

„Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови. Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме“, наведува во објавата Зоран Заев.

Нимиц упати балгодарност до тројца генерални секретари на ООН, до професионалниот кадар во ООН, до раководства на ЕУ и амбасадори на САД во двете земји кои биле вклучени во процесот на наоѓање решение.

„20 години бев дел од прегоорите, 18 години најчесто само ги слушав предлозите од двете страни, последните година две се вклучив со предлози. Но можеби најважната работа околу Договорот од Преспа е процесот, имавме процес верификуван од страна на Советот за безбедност на ООН и поставен од генералниот секретар на ООН. Тоа донесе легитимитет во двете држави и во меѓународната заедница. Договорот од Преспа е сериозен договор, важен за двете држави, важен за регионот но и пошироко и тоа е договор на компрмис. Тешко е да се постигне компромис, но кога ќе се постигне, лесно е луѓето од двете страни да кажат, ако бев јас ќе направев подобра работа, овој компромис е подобар за другата страна, но да бидеме искрени, сите договори што се важни мора да се се носат преку компромис. Нашиот американски устав е компромис, Версајскиот договор е компромис, структурата на ЕУ е компромис и бидејќи се компромиси, сите тие се несовршени, но замислете само каков ќе беше денешниот свет и животот без овие договори. Овие договори се рамка за развој на нашата цивилизација и ако не ги почитуваме, може да се појават многу проблеми. Почитувајте го договорот, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња и ги повикувам сите да го следат и имплемнтираат целосно“ рече Нимиц во Атина.

Меѓународната конференција се одржува денеска и утре, а предвидено е учество на шефови на држави, европски комесари, академици, поранешни шефови на држави и експерти од повеќе области.

„Пораките за добредојде на Венко Филипче и Евангелос Калпадакис, во името на Фондацијата Заев – едно општество за сите и на Институтот Алексис Ципрас потсетија дека лидерите не ги одложуваат и не им ги оставаат проблемите на идните генерации, туку наоѓаат решенија и отвораат нови страници. Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка со визија за хармонична иднина. Фондацијата Заев и Институтот Алексис Ципрас се посветени на негувањето на вредностите кои се во основата на Договорот од Преспа со мисија да промовираме мир, да го унапредиме одржливиот раст и да поттикнеме средина каде што се слуша секој глас“, потенцира Заев.

Денешниот настан е особено важен бидејќи го следи духот на Договорот од Преспа – значајно достигнување во потрагата по мир и соработка, порача денеска од Атина претставникот на „Фондацијата Заев – Едно општество за сите“ Венко Филипче, на отворањето на Конференцијата.

„Договорот од Преспа е живописен доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка преку заедничка визија за хармонична иднина. Тоа нè потсетува дека вистинското лидерство не е за задржување на власта, туку за поттикнување доверба и градење мостови“ посочи Филипче.

Ј. Ѓ.

Tags: ЗаевНимицЦипрас
Next Post

Гутереш од Конференцијата во Атина: Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk