Кандидатката за претседателка на СДСМ Славјанка Петровска, како што објави на Фејсбук, вчера ја претстави нејзината програма „Манифест на социјалдемократијата” на сопартијците во Гази Баба.
„Ја презентирав мојата програма “Манифест на социјалдемократијата” со која ветувам прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија. Благодарам на сите за присуството“, се наведува во објавата од Петровска.