ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Кенија насилни протести против зголемувањето на даноците, војската излезе на улиците

June 28, 2024 09:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Share on FacebookShare on Twitter

Судот во Кенија вчера ја одобри одлуката за испраќање војска за поддршка на полицијата, додека продолжуваат протестите против контроверзното зголемување на даноците што владата вети дека ќе го повлече.

Додека вчера можеа да се видат оклопни воени возила во Најроби, судот во вечерните часови одлучи дека распоредувањето на армијата одобрено од парламентот е легално со оглед на избувнувањето на насилството за време на протестите кои полицијата не успеа да ги стави под контрола.

Судот ја одби жалбата на здружението на адвокати. Сепак, судијата Лоренс Мугамби предупреди на „опасен тренд“ што може да доведе до милитаризација на земјата. Тој рече и дека распоредувањето на војската може да го заплаши населението.

Затоа, тој побара од владата во рок од два дена прецизни информации за обемот и времетраењето на акцијата.

Странските агенции јавуваат дека атмосферата во Најроби вчера била напната. Демонстрантите планираа да маршираат до официјалната резиденција на претседателот Вилијам Руто, но не можеа да го сторат тоа бидејќи полицијата ги опколи пристапните патишта.

Низ градот е распореден полициски и воен персонал, а блокирани се и улиците околу парламентот.

Првите демонстранти се собраа напладне во центарот на Најроби, а телевизиските снимки покажаа дека полицијата употребува солзавец и пука. Протести, наводно, биле одржани и во други кениски градови.

Насилни сцени во Кенија меѓу демонстрантите и полицијата избија минатата недела поради масовните протести поради плановите на владата да собере 2,7 милијарди долари преку дополнително оданочување за да се намали огромниот јавен долг на Кенија.

Демонстрантите се противат на зголемувањето на даноците во земјата која веќе се соочува со криза на трошоците за живот, а многумина бараат оставка од претседателот Вилијам Руто.

Руто во средата рече дека го повлекува предлог-буџетот за 2024/25 година, откако судирите резултираа со бројни смртни случаи. Според официјалното тело за заштита на човековите права (КНХРЦ), во протестите загинале најмалку 22 лица.

Tags: даноциКенијапротести
Next Post
Нано Ружин

Ружин: Еуфоријата на големата победа ќе почне да стивнe, немаме проблем со Бугарија - туку со ЕУ

НАЈНОВО

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

October 31, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk