Венко Филипче победи на внатрепартиските избори во СДСМ со 8.474 гласови.
Јован Деспотовски доби 2.291, а Александар Бајдевски 868. Неважечки се 159. Славјанка Петровска, иако се повлече од изборната трка, остана на избирачкото ливче и доби 172.
Гласаа 12.608 членови на партијата, од запишаните 23.000.