Високи претставници на САД се во Каиро заради преговори за постигнување на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но се уште има разлики меѓу двете страни, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Кирби изјави дека директорот на ЦИА Бил Бернс и пратеникот на САД за Блискиот Исток Брет Мекгурк се во Египет, каде вчера се сретнале со своите египетски, израелски и јордански колеги. Тој додаде дека во следните неколку денови ќе имаат понатамошни дискусии.
– Работиме на ова прашање многу напорно. И се уште има некои разлики во позициите на двете страни, но немаше да испратиме тим таму ако не мислевме дека имаме шанса, рече Кирби. – Се обидуваме да ги надминеме овие разлики на најдобар можен начин, додаде тој.
Кирби повторно ја истакна позицијата на Вашингтон дека Израел треба да направи повеќе за заштита на цивилното население.