ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Во рок од 8 часа донесени 10 закони по скратена постапка скроени по мерка на бизнисменот во енергетиката Мицковски

July 12, 2024 08:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„10 закони по скратена постапка, предложени од пратениците на ДПМНЕ, скроени по мерка на бизнисменот во енергетиката Мицковски, в.д Премиер беа донесени и ги поминаа сите фази на донесување на закон во рок од 8 часа. Нема ни “р” од реформа, има само план скроен по мерка на Мицковски за да ги испере 500 милиони евра земени од Будимпешта. Мицковски го свитка р’бетот во Вашингтон, неговите послушници во Скопје ги “голтнаа” 10 закони по скратена постапка“, реагира во објава на Фејсбук пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Вчера во скратена постапка без расправа Собранието усвои десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика.

Пратениците, во рамки на 10. собраниска седница во скратена постапка без расправа ги усвоија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата.

Собранието ги донесе и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, кои, исто така, треба да се донесат по скратена постапка.

Поврзано: 

Во скратена постапка без расправа Собранието усвои десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика

Tags: Славјанка ПетровскаСобрание
Next Post

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk