Во Тирана синоќа се одржаа најавените протести на опозицијата. Протестите се одвиваа пред Владата на Република Албанија.
Неколку волеи од молотови бомби кон седиштето на Советот на министри, упорното барање за смена на премиерот Еди Рама и создавање техничка влада која ќе ја води земјата кон избори и последователните тензии пред градското собрание на Тирана ги одбележаа протестите, јавуваат албанските медиуми.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на американскиот претседател Џо Бајден ја претставуваше земјата на завршниот настан на Самитот на НАТО во Вашингтон.
Османи го оцени учеството таму од посебно значење за државата Косово.
„Првпат во историјата Косово е вклучено на Самит на Алијансата надеж и за тоа лично сум им благодарен на претседателот Бајден и на САД“, нагласи Османи, пренесоа косовските медиуми.
Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
АЛБАНИЈА
ВОА: Тирана, протест на опозицијата, со молотови коктели кон седиштето на Владата
Неколку волеи од молотови бомби кон седиштето на Советот на министри, упорното барање за смена на премиерот Еди Рама и создавање техничка влада која ќе ја води земјата кон избори и последователните тензии пред градското собрание на Тирана го одбележа протестот организиран од опозицијата во четвртокот вечерта.
Демократскиот претседател Сали Бериша последен им се обрати на неколку илјади демонстранти кои се собраа на главниот булевар. Тој зборуваше преку видео-врска од куќата во која е приведен од декември минатата година, откако се спротивстави на мерката „обврска за јавување“ што ја нареди Специјалниот суд, како дел од истрагата за приватизацијата на поранешниот клуб Партизани во главниот град, во времето кога тој ја водеше државата како премиер.
На почетокот на говорот на Бериша, од големите екрани поставени на подиумот на булеварот кон зградата на Владата почнаа да се фрлаат молотови коктели. Бучавата од нивните експлозии, заедно со пламенот и чадот, за неколку моменти станаа позадина на говорот на лидерот на опозицијата, пренесе Гласот на Америка.
Лапси – ОЕЦД: Албанија со влошена состојба на 28% од развојните цели за 2030 година
Албанија постигна умерен напредок кон постигнување на целите за одржлив развој од Агендата 2030 година за време на периодот на евалуација во 2023 година, направен од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Познатата меѓународна организација детално ги анализираше случувањата во Албанија во последната публикација, каде што истакна дека земјата има одреден напредок во 30,9% од показателите, додека перформансите се влошени кај 27,9% од показателите од групата 17 главни глобални цели кои мора да се реализираат до 2030 година, пренесе Лапси.
КОСОВО
Панорама: Османи меѓу светските лидери: Косово за првпат вклучено на самит на НАТО
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на американскиот претседател Џо Бајден ја претставуваше земјата на завршниот настан на Самитот на НАТО во Вашингтон.
Османи го оцени учеството таму од посебно значење за државата Косово.
„Првпат во историјата Косово е вклучено на Самит на Алијансата надеж и за тоа лично сум им благодарен на претседателот Бајден и на САД“, нагласи Османи, пренесува Панорама.
РЕЛ: Дали Русија се обидува да го дестабилизира Косово преку Србија?
Заканата од можна ескалација на северот на Косово е „голема и реална“, оценува Ивана Страднер, истражувачка во Фондацијата за одбрана на демократиите, со седиште во Вашингтон.
Таа за Радио Слободна Европа вели дека тоа е затоа што Русија – која не ја признава независноста на Косово – се обидува да го оттргне вниманието од војната во Украина, каде, според неа, не се претставува добро.
За ова, според Страднер, Русија бара „ранливи точки на Запад, а најранлива точка во моментов во Европа е Балканот: Босна и Херцеговина и Косово“.
Токму северот на Косово и заканите за отцепување на дел од Босна, САД ги опишаа како главни безбедносни ризици во регионот, каде што треба да се исклучи можноста за употреба на сила за решавање на прашањата.
КОЛУМНА
Јава Њуз: „Дрвјата имаат корени, луѓето имаат нозе“
„Историјата на Албанците е приказна тесно поврзана со континуираното движење на сопствениот народ и другите раселувања, а официјалните податоци од Пописот 2024 нè соочија со намалување на населението во навистина вознемирувачка мера.
Албанците кои живеат во странство стануваат речиси еднакви по број со оние што живеат во земјата: околу 2,4 милиони луѓе живеат во Албанија, наспроти 2,2 милиони очи во странство. Економијата беше таа што пред години ги даваше првите знаци на недостиг на работна сила, но функционерите тоа го земаа здраво за готово.
Од 2011 до 2021 година, 214.000 луѓе ја напуштиле земјата, според мерењата добиени од методологијата за нето имиграција на INSTAT, но во 2022 година, феноменот стана поагресивен, бидејќи бизнисите во трговскиот сектор открија дека има моментален пад на потрошувачката, додека сите секторите, вклучително и јавниот, беа во вонредна состојба за вработените.“, пишува албанскиот Автор, Бен Андони во колумната „Дрвјата имаат корени, луѓето имаат нозе“, објавена во дневникот Јава Њуз.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа