ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еврејски активисти уапсени за време на протестите за војната во Газа во американскиот Конгрес, во пресрет на говорот на Нетанјаху

July 24, 2024 10:31
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Американската полиција во Капитол уапси еврејски активисти кои протестираа против воената поддршка на САД за Израел во зградата на Конгресот во вторникот, еден ден пред  израелскиот премиер  Бенјамин Нетанјаху да одржи говор пред Конгресот, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите, организирани од активистичката група „Еврејски глас за мир“, носеа црвени маици со натписи „не во наше име“ и „Евреите велат престанете да го вооружувате Израел“. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше „прекин на огнот сега“ и „нека живее Газа“.

Протестите се планира да се совпаднат со посетата на Нетанјаху, во која тој ќе се сретне со претседателот Џо Бајден, со потпретседателката Камала Харис и со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

„Во изминатите 9 месеци, бевме сведоци на безброј ужаси во Газа, извршени во наши имиња и финансирани од нашата влада“, напишаа од  „Еврејски глас за мир“ на социјалните мрежи.

BREAKING: 400 American Jews mark Netanyahu’s arrival by refusing to leave Congress until our government listens to the will of the people and STOPS ARMING ISRAEL! pic.twitter.com/WElpHLMHjn

— Jewish Voice for Peace (@jvplive) July 23, 2024

Според активистичката група, биле уапсени над 250 демонстранти, а во демонстрациите учествувале 400 луѓе.

По околу половина час ракоплескање и скандирање, полицајците од американската Капитолска полиција издадоа неколку предупредувања, а потоа почнаа да ги апсат демонстрантите – им ги врзаа рацете со патент и ги одведоа еден по еден.

Нетанјаху пристигна во Вашингтон во понеделникот во посета која вклучува средби со претседателот Џо Бајден и говор во средата пред заедничката седница на Конгресот.

Десетици демонстранти се собраа пред неговиот хотел во понеделникот вечерта, а во вторникот попладне стотици демонстранти организираа протест во стилот на флешмоб во зградата „Канон“, во која се сместени канцелариите на членовите на Претставничкиот дом.

Посетата на Нетанјаху во САД,  предизвика бран протестни активности, при што некои демонстрации го осудуваат Израел, а други изразуваат поддршка, но вршат притисок врз Нетанјаху да склучи договор за прекин на огнот и да ги врати дома заложниците кои се уште ги држи Хамас.

Семејствата на некои од преостанатите заложници одржаа протестно бдеење во вторникот вечерта во Националниот трговски центар, барајќи од Нетанјаху да се помири со Хамас и да ги врати дома околу 120-те израелски заложници кои останаа во Газа, пренесуваат светските медиуми.

Бајден и Нетанјаху се очекува да се сретнат во четврток, според американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен пред објавувањето на Белата куќа. Потпретседателката Камала Харис, исто така, ќе се сретне одделно со Нетанјаху тој ден.

Харис, како претседателка на Сенатот, вообичаено би седела  зад странските лидери кои се обраќаат во Конгресот, но таа ќе биде отсутна во среда, на патување во Индијанаполис, планирано пред Бајден да ја повлече својата кандидатура за реизбор и таа да стане веројатниот демократски претседателски кандидат во текот на викендот.

Претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, на „Truth Social“ објави дека ќе се сретне со Нетанјаху во петок.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: ГазаЕврејски активистиКонгрес
Next Post
Руска и унгарска компанија се понудија да ги лечат колената на Мицкоски

Руска и унгарска компанија се понудија да ги лечат колената на Мицкоски

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk