Кампањата „Харис за претседател“ го објави своето прво официјално видео, помалку од една недела откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека се откажува од трката, а неговата заменик-претседателка Камала Харис рече дека се кандидира за номинација.
„We Choose Freedom“ – Ние бираме слобода.
„Јас сум Камала Харис и се кандидирам за претседател на САД“, се наведува во објавата на Јутјуб.
Саундтракот е почеток на песната Freedom на Бијонсе, со која Харис влезе и излезе од нејзиниот прв говор пред вработените во кампањата, откако доби доверба.
Видео спотот е со нарација на Харис, чии први зборови се: „На овие избори секој од нас се соочува со прашање. Во каква земја сакаме да живееме?“
Камала Харис е кандидат на демократите за претседател на изборите во САД, што ќе се одржат во ноември.
Подготви: Ј. Ѓ.