Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Да не биде после доцна е потсетено па затоа еве отсега во една реченица потсетување дека наближува Илинден, Крушево, па наместо пак досадни, стопати слушнати лажни патриотски говори на поделби, патем, за темава сум пишувал и порачувал и пред 20-тина годинии, повеќепати и потоа, па Претседателке, Спикер или Премиер, кому и да му е ред за годинешнов Мечкин Камен, ајде конечно осмелетесе и пробајте веќе да запрете Илинден, тој светол историски херојски ден, да го употребувате за вашиот дневен партиско политички рејтинг и парите буџетски, нели народни, наместо за пуфки квазипатриотски да ги намените пак токму за таму, за Илиндеско Крушево, ама не веќе традиционално за вашите политички суети, туку за младите, за нив и само за нив за, на пример, рок групи за нивна Илинденска рок журка, за автобуси, сендвичи, сокови, за нивното празнично Илинденско расположение зашто така ем ќе си освоите нови симпатии партиски на сметка на вашите досегашни досадни копи пест фразерски илинденски вербални инвестиции, ем повеќе нема со де-мо-де говори досадни и натаму гордо да се брукате и поделби да сеете и затоа еве уште некој ден време до Илинденско има па …, па сега вие видете.