ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Дали Мицкоски ја води државата кон кинеско финансиско ропство?

July 29, 2024 16:00
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се потсетиме што всушност објави ЦИВИЛ Медиа во анализата „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“, пишува Авторот Драган Мишев, во анализата Скопје – Пекинг виа Будимпешта, во која се осврнува на милијардата евра, со која беше најавено дека ќе се задолжи нашата земја од друга држава, дека ќе бидат кинески пари, особено откако премиерот Мицкоски, обзнани дека заемот, но не во висина од најавената милијарда евра, туку двојно помал, го договорил со нему блискиот премиер на Унгарија.

Анализата на Мишев е фактички вивисекција на „грандиозните“ најави на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, за уште по „грандиозното“ задолжување на државата, со уште по сомнителни финансиски извори, за што впрочем и станува збор во горенаведената анализа „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“, која на крајот од денот – или од случувањата, дава одговор на прашањето во насловот.

Тогашниот мандатар, а сегашен премиер на Северна Македонија, при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, најави дека, веднаш по формирањето на новата влада, државата ќе се задолжи една милијарда евра, заем од друга држава, и тоа не од меѓународни финансиски институции, туку на ниво на соработка влада со влада.

Новинарот не (се осмели да) го праша ниту за која влада се работи, ниту кога и од која позиција го договарал задолжувањето, што јасно ја покажува идната сервилна поставеност на оваа телевизија, кон работата на идната Влада, пример кој е за очекување дека ќе го следат и другите телевизии со национална концесија, веќе видено во некои не толку далечни времиња, за кои се надевавме дека ги оставивме зад нас.

Сепак, може да се насети дека, најверојатно се работи за кинески кредити. Според познавачите, во моментов Кина е можеби единствената земја која може да си дозволи издвојување на толкава сума пари за директно кредитирање во странство.

Мицкоски нагласи дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Ова претставува опасност од воспоставување на финансиско ропство на државата. Имено, на ваков начин Кина ги колонизира сиромашните африкански земји, а во една таква финансиско-должничка спирала се фати и една соседна држава, чиј претседател се чини дека претставува рол-модел за владеење на идниот македонски премиер, по што може уште отсега да се насети во кој правец ќе се движи државата под водство на премиерот во најава.“ се наведува мешу другото во анализата на Мишев.

Д. Т. / Цивил Медиа


Скопје – Пекинг виа Будимпешта

Next Post

Ѓоковиќ го победи Надал и избори осминафинале на Олимпијадата

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk