ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со соопштение побара од политичките партии да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а не да ги злоупотребуваат за политички рејтинг

ЦИВИЛ преку соопштение побара од политичките партии да ги почитуваат мерките и препораките на Владата за справување со КОВИД-19 и спречување на негово понатамошно проширување во земјата. Мерките за забрана за јавни собири и настани, според мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, до сега ги прекршиле ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ.

March 13, 2020 21:39
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Конвенција на ДПА, 12 март 2020

Конвенција на ДПА, 12 март 2020

Share on FacebookShare on Twitter

Според соопштението на ЦИВИЛ, мерките за забрана за јавни собири и настани, според мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, до сега ги прекршиле ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ. Организацијата побара од политичките партии да ги почитуваат мерките и препораките на Владата за справување со КОВИД-19 и спречување на негово понатамошно проширување во земјата.

Во соопштението, ЦИВИЛ ја потсетува јавноста дека на 11 март, во Македонската филхармонија, ВМРО-ДПМНЕ одржа партиска конвенција и покрај забраната за одржување на јавни собири со повеќе од 1.000 лица. Салата која беше целосно исполнета има капацитет за 1.000 лица, а на сцената зад претседателот на ВМРО-ДПМНЕ стоеја сите 120 кандидати за пратеници.

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, 11 март 2020

На 12 март, Владата донесе забрана за сите јавни настани, вклучувајќи ги и оние со под 1.000 лица. ДПА одржа партиска конвенција вечерта во 18 часот, во гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

ДУИ, пак, денеска најави дека со 10.000 свои активисти ќе им помага на оние кои се изолирани во своите домови, објавувајќи телефонска линија на која граѓаните ќе може да побараат помош. Имајќи предвид дека овие лица, ниту се обучени за ваков начин на дејствување, ниту се дел од волонтерскиот тим на Црвениот крст, ваквата помош претставува опасност за ширење на вирусот.

Дополнително, најавата на ДУИ за посета и „помош“ на изолираните е директна опасност од поткуп на гласачи. Најавата на ДУИ за излегување на терен со фантастична бројка од 10.000 активисти е проблематична по низа основи, а ни најмалку не е гаранција дека ќе им помогне на луѓето кои се изолирани во своите домови. Притоа, нејасно е како ДУИ утврдиле дека има потреба од 10.000 активисти за непознат број луѓе во самоизолација.

Реклама на ДУИ, по најавата дека 10.000 активисти на партијата ќе излезат на терен, да им пружат „помош“ на изолираните, 12 март 2020

Доколку било која политичка партија сака да помогне во заштитата на населението од ширењето на коронавирусот, најмалку што може да направи е тоа да не го прави на своја рака. Потребно е, доколку постојат искрени намери, заинтересираните партии да ги понудат своите капацитети на системот и да се координираат со институциите како што се Министерството за здравство, Кризниот штаб, Комисијата за заразни болести и Владата.

Постапките на одделни политички партии ЦИВИЛ ги оценува како крајно несериозни и опасни по здравјето на граѓаните. Пандемијата мора да се сфати сериозно. ЦИВИЛ бара од политичките партии да престанат да калкулираат со здравјето на граѓаните за политички поени. Сега е време да покажат одговорност и кон себе и кон своите членови и активисти, но и кон сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Ја повикуваме Владата веднаш да реагира на овие појави, а релевантните институции решително да ги санкционираат сите што го кршат законот и ги злоупотребуваат мерките за заштита од коронавирусот. Мерките мора да важат за сите подеднакво!

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: ВМРО-ДПМНЕДПАДУИизборикоронавирус
Next Post

Патникот кој денеска слета од Германија негативен на корона вирус

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk