Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 898 ден од целосната руска воена агресија, по повод 9 август, Меѓународниот ден на домородните народи во светот, на својата сметка на Х напиша:
898. 9 август е Меѓународен ден на домородните народи во светот. Законот на Украина «За домородните народи во Украина одредува дека домородните народи на Украина, кои се формирале на територијата на Кримскиот полуостров,се Кримските Татари, Караимите и Кримчаците». #CrimeaIsUkraine
898. 9 август е Меѓународен ден на домородните народи во светот.
Законот на🇺🇦«За домородните народи во🇺🇦одредува дека домородните народи на Украина, кои се формирале на територијата на Кримскиот полуостров,се Кримските Татари, Караимите и Кримчаците».#CrimeaIsUkraine@ppu_gov_ua pic.twitter.com/KPYsFOMgsg— Larysa Dir (@dir_larysa) August 9, 2024
Во постот, таа сподели и дел од Универзалната деларација за човекови права на Обединетите нации, поточно Членот 1 од декларацијата на ОН за правата на домородните народи.
Предходно денеска, Амбасадата на Украина во земјава, специјално за ЦИВИЛ Медиа објави текст по повод 80-тата годишнина од депортацијата на Кримските Татари од територијата на Кримскиот полуостров од страна на советскиот тоталитарен режим во 1944 година.
Драган Мишев / Цивил Медиа