ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска ќе го потпише указот за измените на Законот за урбанистичко планирање и покрај повикот од граѓанските здруженија

August 16, 2024 16:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска најави дека ќе го потпише указот за прогласување на  измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието, но го повика ресорниот министер веднаш да почне со работа за подготовка на нов закон со учество на невладиниот сектор и опозицијата со цел, како што рече, да се решат проблемите со хаосот во урбанизмот.

На новинарско прашање  по повикот од граѓанските организации да не го потпишува указот, Сиљановска Давкова изјави дека министерот за транспорт Александар Николоски и ги образложил причините за законските измени и кажал дека без нив не ќе може да се префрлат средства на општините за реализација на значајни проекти. Нагласи дека зад законот има 64 пратеници,  а се осврна и на текот на расправата за законот во матичната собраниска комисија и на пленарната седница, неподнесените амандамни и отсуството на дискусија.

-И во кампањата и во мојот инаугуративен говор реков дека ќе посегам  по ветото, дека претходно ќе разговарам и со предлагачите и со пратениците. Разговарав со предлагачот, барав да ми ги образложи  причините за скратната постапка, ми ги образложи, ги знаете причините. Вели дека е невозможно да се реализира помошта на општините доколку нема можност клучните објекти како училишта, градинки, гаражи, да се реалиизраат доколку не може да се префрлат средствата. Ми ги објасни овие измени како привремени или преодни. Рече дека е  подоготвен веднаш да формира широка комисија од хетероген состав, вклучувајќи ги невладините организации во неа, изјави Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека секојдневно добива  укажувања и од невладиниот сектор и поосчи дека секогаш ќе бара да се третира као партнер.

-Она што мене ме загрижува е следното. Значи, скратена беше постапката но исто така беа поканети како што можев да видам и релевантни претставници на невладиниот сектор за донесувањето на овој закон. Да бидам искрена јас сум за инклузивен модел и секогаш ќе барам да се почитува мислењето на невладиниот сектор и да се третира како партнер. Да не заборавиме дека законите ги носат пратениците, но она што мене ме збуни во случајов со овој зкаон е дека не видов ниту една дискусија на комисијата и на пленарната седница од пратениците од опозицијата.

Очекувала да има амандамни, бидејќи, како што рече, секогаш невладините помагале со амандманите, но сега не биле поднесени.

– Јас и да го вратам законот, зад него има 64 пратеници, треба да има апсолутно мнозинство од 61 за да го потпишам. Ако немаше дискусии, ако немаше гласање против тогаш мислам дека ќе се повтори оваа ситуација. И затоа заклучувам, ќе го потпишам законот, мислам дека тоа треба да се направи денеска или утре, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Го повика министерот за транспорт да ја почне работата за новиот закон и како што рече, да го решиме проблемот системски бидејќи сите знаеме дека законот не е добар

-. Соочени сме со хаос во урбанизмот, сите го гледаме тоа, мора да ставиме крај, тоа мора да го направиме, тоа мора да биде во редовна постака, исто така со учество на опозицијата и на невладиниот сектор, посочи  Сиљановска Давкова.

Собранието ги изгласа законските измени на 13. месецов, откако претходно во истиот ден добија поддршка во матичната собраниска комисија,  без амандмани, за дискусија не се пријави ниеден пратеник. Забелешки  изнесоа претставници на О2 иницијативата, кои заедно со повеќе други невладини организации вчера апелираа претседателката да не го потпишува Указот за Законот.

Според граѓанските организации, со измените на Законот за урбанистичко планирање ќе се носат застарени ДУП-ови чии параметри и мерења нема да одговараат на реалноста и ќе се уништува јавен простор. Наспроти нив, власта тврди дека главна причина за измените е поедноставување на процедурите за реализација на објектите што ги планираат општините со средствата што ќе ги добијат од пакетот средства обезбедени со ребалансот на Буџетот.

Граѓански здруженија вчера од пред Собранието побараа претседателката Гордана Силјановска Давкова да не го потпише указот за програсување на Законот за урбанистичко планирање, што беше изгласа завчера. Тие имаат забелешки за овој закон и бараат тој да се врати во редовна собраниска процедура и да се донесе со широка дебата со вклучување на сите засегнати чинители.

-Основна и прва забелешка е во однос на 600 ДУП-ови чиј што рок на носење е изминат поради новиот закон во кој што стои член во кој се вели дека ако не се завршени во рок од четири години, мора да продолжи постапката по новиот закон, односно земање на параметрите од новиот закон. Сега ги враќаме во живот, значи ќе одат како што се веќе проектирани по стариот закон, а тука немате реална состојба, попис и многу елементи кои веќе се изменети низ годините а кои мораат да се вклучат во самите урбанистички планови. Вака нема да се вклучат, рече Татјана Стојановска од О2 Иницијатива.

Имаат забелешка и во однос на потврдата за урбанистичка усогласеност. – Таа случајно не е ставена. Една двојна контрола за тоа дали урбанистички е усогласен одреден објект, односно одреден Детален урбанистички план, посочи Стојановска.

Не се согласуваат и со новините за изградба на катни гаражи. – Со урбанистички проект каде што дозволувате да не помине на јавна анкета, да се слушне гласот на граѓаните, да не помине низ Совет, се овозможува  да се градат катни гаражи без никаква анализа – како ќе им текне така да ги направат, што апсолутно не е во ред. Исто така, за катни гаражи за повеќе објекти. Тие форсираат дека тоа се однесува за сите јавни објекти. Јас повторно ќе кажам како вие планирате да правите болница некаде каде што не го знаете вкупниот број на жители, бидејќи таму немате внесено статистички податоци од пописот во урбанистичкиот план кој ќе биде во сила. Исто така, забелешка во однос на тоа дека министерот си ги повлекува ингеренциите за во рок од пет дена не го потпише односно го огласи за ништовен невалиден Детален урбанистички план и министерот рече дека ќе реагирам преку МВР. Зошто да реагира преку МВР? Моментално има алатка во рок од пет дена да потпише забрана за изведување на тој Детален урбанистички план, рече Стојановска.

Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко свест“ апелира во процесите на донесување одлуки за сите закони да бидат вклучени сите засегнати чинители – граѓаните, научната фела, синдикатите, бизнис заедницата.

-Повеќе од 20 години ние како организација и заедно со целото еколошко движење зборуваме за потребата граѓаните и јавноста да бидат  вклучени во процесите на донесување одлуки кога станува збор за заштитата на животната средина. Конкретно зборуваме за Законот за урбанистичко планирање, кој неминовно навлегува во доменот на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Алармираме и апелираме учеството на граѓаните, на научната фела, на синдикатите, на бизнис заедницата и сите засегнати страни во процесите на донесување одлуки за сите закони во оваа држава е од клучно значење. Ако сакаме вистински да демонстрираме демократски практики, транспарентност, отчетност, мора власта да знае дека граѓаните, јавноста, научната фела се тука за да учествуваат заедно со нив во креирањето на законите. Ние не бараме да бидеме постојано критизери на процесите, туку сакаме да бидеме ко-креатори на процесите. Мислам дека тоа е главната поента на демократското општество. Алармираме во однос на овој закон конкретно затоа што со неговото донесување по скратена постапка навистина правиме повреда и на нашите национални закони, но и на меѓународното право, рече Чоловиќ Лешоска.

Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ нагласи дека очекувале нешто повеќе и подбро на почетокот на мандатот на една власт оти ќе прикаже некаков поинаков манир на владеење и управување, бидејќи, како што рече, ако ги повторуваме пак истите грешки од минатото не можеме да очекуваме резултати поразлични од ова што сега го живееме. Димески потенцира дека тие како здруженија бараат еднакви услови, почитување на законите и создавање на еднакви правила кои се базираат на стручност и експертиза кои ќе важат за сите и спроведуваат еднакво насекаде.

Доколку претседателката Сиљановска Давкова го потпише Указот за прогласување на Законот за урбанистичко планирање, Стојановска истакна дека„ ќе форсираат до пратениците да се донесе што побрзо нов закон“.

-Ние ќе се обидеме понатаму да делуваме. Борбата понатаму ќе се сведе на што побрзо носење на нов закон за урбанизам, кој веќе е поставен во ноември лани на ЕНЕР, но таа процедура е закочена, а носиме измени на овој закон. Ќе форсираме што побрзо носење на новиот закон со една широка дискусија, но времето што ќе го изгубиме во носење со последиците што ќе се добијат со овие измени не можеме да ги предвидиме сега засега и тоа е страшното, рече Стојановска.

Собранието во 2020 година едногласно го донесе Закон за урбанистичко планирање по осуммесечна дебата и активно вклучување на сите пратенички групи и експертската јавност.

За пратениците, овој закон е пример како во иднина треба да се носат суштинските закони низ јавни дебати, почитување на експертското мислење и прифаќање на забелешките од сите засегнати страни.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш изрази задоволство од кооперативноста на тогашниот министер за транспорт Горан Сугарески и од активната вклученост на пратениците во изготвувањето на ова законско решение.

– Верувам дека како Комисија, иако на крајот на овој пратенички мандат, дадовме пракса за идните пратеници како треба да се носат суштинските закони, рече Затуровска.

Сугарески апелираше таквото донесување да стане пример како во иднина треба да се носат суштинските закони.

–  За вакви суштински закони мора да се седне и да се разговара. Задоволство му е што законот ќе биде донесен едногласно. Се надевам дека на ист начин ќе биде донесен и законот за градење, рече тогаш Сугарески.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Закон за урбанистичко планирањеСиљановска

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk