Утрово, со стартот во Виборг – градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедски маратон – најдобрите натпреварувачи од цела Европа, носители на Светската велосипедска ранг листа, ги одмерија силите на кружната патека со исклучителни технички барања, експлозивни брда и лизгав терен.
Дуња Иванова, како претставничка на Велосипедската федерација на Македонија стартуваше во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници од европската маунтинбајк сцена.
Дистанцата од 84 км и 1.912 м висинско искачување, таа ја совлада за 5 часа и 24 минути со што се рангираше на 31та позиција. Ова е прв пат, македонскиот маунтинбајк да обезбеди пласман на Европско првенство во планински велосипедизам.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
Дуња Иванова – македонска репрезентативка на Европското првенство Маратон во Данска