Лидерите на француската левичарска коалиција ќе бараат од претседателот Емануел Макрон да им дозволи да формираат нова влада за време на серијата состаноци посветени на решавање на шестнеделната политичка блокада.
Макрон претходно го отфрли кандидатот на Новиот народен фронт (НФП) за мандатот, велејќи дека сака владин лидер со „широка и стабилна“ поддршка за да избегне гласање за недоверба во парламентот што би предизвикало дополнителен политички хаос, пишува Гардијан.
Претставниците на НФП го обвинија претседателот за одложување на назначувањето на нов премиер, како и дека неговата „неактивност е сериозна и штетна“ бидејќи не ги прифаќа резултатите од предвремените избори што ги распиша.