ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски ќе им го понудиме на Саудијците!

August 31, 2024 11:44
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Блиску сме до договор: Мицко не е за премиер! Дефинитивно!

Не е за политика.

Најдобро ќе биде да им го понудиме на Саудијците.

Пленковиќ и Рајнер дошле до таков заклучок во првите десет секунди од средбите со талентот од Нордот.

Такви одгласи доаѓаат од Загреб.

Ставовите на нормалните и на вмороните по оваа прашање се разликуваат само во детали.

И тоа од технички карактер.

Ако на референдум одиме со прашањето: Дали сте за тоа Мицко да замине од функцијата премиер, со можност да се занимава со берење на аронии, да речеме, Христијан би добил повеќе гласови отколку Македонија за независноста.

Тој во политиката настапува како да е од бронза.

Како споменик.

Ќосето, на пример.

Со магнетофонска лента во стомакот.

Мајкл Газанига и Роберт Спери докажале дека кога хирурзите ќе го пресечат корпус калосум, односно ткивото кое ги спојува мозочните полутки, тие дословно го пресекуваат човековото јас на два дела и секоја половина може да спроведува во дело слободна волја без совет или дозвола од другата половина. Притоа, левата половина нуди смислени, но погрешни објаснувања на однесувањето кое десната, тврда и строго ограничена половина, го одбрала без нејзино знаење.

Мицко остава впечаток дека некој му го пресекол корпусот калосум. Со десната половина на мозокот утврдува цврсти, но прости ставови, а со левата за тие ставови создава разложни, но погрешни објаснувања. За митото, за Бугарите, за историската комисија, за евроинтеграциите, за историјата, за бај Иван, за пожарите, за Албанците, за името што боли и пече, за се…

Жените, пензионерите, наставниците, здравствените работници, земјоделците, угостителите, хетеросексуалците и хомосексуалците, луѓето што викаат „старо купујем“, и сите други, го крчкаат националниот консензус кој наскоро ќе биде објавен.

Мицко, оди си!

Ќе ти дадеме добра отпремнина и ќе внимаваме на твојата безбедност.

Не лути се, човеку!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Поенти од првото интервју на Камала Харис за Си-ен-ен

Shortcut

Најново

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk