Шефицата на Канцеларијата во Скопје на Амбасадата на Литванија, Вилма Дамбраускиена, денеска беше во посета на седиштето на ЦИВИЛ при што беше запознаена со активностите на организацијата и нејзината медиумска платформа.
Претставниците на организацијата ја информираа г-ѓа Дамбраускиена за тековните и идните активности и планови на организацијата, со посебен акцент на сознанијата и истражувањата поврзани со странските малигни влијанија, како и со европските перспективи на земјата.
Исто така, Шефицата на Канцеларијата во Скопје на Амбасадата на Литванија беше информирана и за активностите во контекст на 25-годишнината од формирањето на организацијата.
ЦИВИЛ