ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Белешка: Ем нелегални ем скапи ем дрски – скопско репортерско такси искуство денеска

September 6, 2024 20:44
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРИЈА ТОДОРОВСКА

Петок, 5 часот наутро, барам такси возило и како и секогаш ги барам такси компаниите кои знам дека имаат коли во близина.

„Возило број 63 за 3 минути“, ми вели диспечерката од такси компанијата Палас.

Кога се качувам во колата забележувам дека таксиметарот го нема. И, додека се уште не сме тргнати на такси возачот му потенцирам дека сакам фискална сметка.

На тоа ми одговара дека нема апаратче и дека може да излезам од возилото и да си барам друго такси.

Во текот на ова лето во истите утрински часови се возев со истата компанија и до сега не сум ги потсетувала дека сакам фискална сметка. Тоа, впрочем се подразбира, нели?

Излегувам од првото ауто такси, стојам на тротоар, ѕвонам пак на истата такси компанија.

Диспечерката веќе запозната со она што се случило ми бара друг такси возач што ќе може да ми даде фискална сметка.

Пред да ми ја спушти слушалката таа јасно и како сосема да е нормално, онака рутински ме откачува.

Ми вели „нема во близина такси возило со фискална“.

Ѕвонам во друга компанија. Такси „Теникс“.

Возилото број 23 доаѓа на мојата локација.

Влегувам во возилото. И во него таксиметар нема.

Повторно пред да тргнеме прашувам за фискална сметка.

Возачот ми се изнасмеа в лице. Рече дека нема да најдам такси возило што ќе ми даде сметка, но сепак ако сакам може да излезам и да си ја пробам среќата со друга компанија.

Тргнувам да излезам од возилото, но сфаќам дека веќе доцнам и немам време да барам друго возило. Останувам во возилото на „Теникс“.

Возачот целиот пат ми објаснува како тоа они веќе со месеци работат без фискални сметки. Дури и ми вели дека имам среќа што во 5 часот наутро сум нашла такси, а камоли па такси со апаратче за фискална.

Му објаснувам дека во текот на летото сум се возела со нивната компанија и сум добила сметка.

Тој се смее и ми вели „нема шанси, си имала среќа!“.

Сум имала среќа да добијам фискална сметка!

И ме советува како треба секогаш кога ја кажувам адресата да потенцирам дека сакам такси возило со фискална.

И еве, утрово дознав дека имало такси со и такси без фискална сметка.

Па да бираш кое го сакаш. И утрово разбрав дека зборот фискална сметка во 5 часот наутро ги ококорува очите на такси возачите.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од НоваТВ
Tags: Марија ТодоровскаСкопјетакси
Next Post

Клоп на тренинг на Борусија, во сабота ќе води натпревар во Дортмунд

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk