In 2024, #NorthMacedonia 🇲🇰 has been heavily affected by #wildfires 🔥
According to our #EFFIS statistics, as of 8 September, the cumulative burnt area recorded was +90,000 ha
This is more than 9⃣ times higher than the 2006-2023 average
More at👇https://t.co/ddc3XMwBuj https://t.co/Lp4QT9je4Z pic.twitter.com/1fthJwWGyt
— Copernicus EMS (@CopernicusEMS) September 9, 2024
„Во 2024 година, Северна Македонија е силно погодена од шумски пожари. Според нашата статистика на (EFFIS), од 8 септември, кумулативната изгорена површина е +90.000 хектари. Ова е повеќе од 9 пати повисоко од просекот од 2006-2023 година“, се наведува во објавата од Copernicus EMS.
Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија (ДЗС) моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“ авион од трите кои ги поседува, информираше вчера директорот на ДЗС Џеват Селами.
Како што посочи Селами, пред три дена биле повикани механичарите од Шпанија и ги поправиле авионите, но следниот ден се појавил истиот проблем.
– Едниот авион треба да се сервисира, а другиот авион го поправивме пред три дена во Прилеп кога оперираа два авиони. Ги повикав механичарите од Шпанија, тие ги поправија авионите и истиот ден работеа, но пак се појави истиот проблем. Моментално само едниот авион е во употреба, а за другиот мора да почекаме до утре да видиме каква ќе биде состојбата дали ќе може да лета или не, рече Селами.
– Денес користиме превентивно еден „Ер трактор“ во прилепско и немаме потреба од други летала. Пожарот не е тежок, но страв ни е да не ни излезе од контрола, бидејќи брзо се суши вегетацијата, рече Ангелов.
Центарот за управување со кризи утринава соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 22 пожари на отворен простор и дека дождот помогнал сите да бидат изгаснати.
– Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати, се вели во утринската информација од ЦУК.
Ј. Ѓ.