Тејлор Свифт повторно доминираше на MTV Video Music Awards, станувајќи најодликуваниот соло изведувач на МТВ наградите на сите времиња, откако победи во седум категории, вклучувајќи ја и главната награда на вечерта Видео на годината.
Свифт, која веќе беше најноминирана изведувачка на почетокот на вечерта, ја заврши со надминување на рекордот на Бијонсе поставен како соло изведувач, освојувајќи ја нејзината 30-та МТВ награда. Бијонсе има освоено 25 МТВ награди како соло изведувач, две со Destiny’s Child и две со Џеј Зи како Картерс.
Прифаќајќи ја првата од седумте победи – најдобрата соработка со Пост Мелоун за нивниот дует Фортнајт – 34-годишната пејачка ја отвори вечерта со сеќавање на годишнината од 11 септември.
„Будејќи се утрово во Њујорк, на 11 септември, само размислував за тоа што се случи пред 23 години, за секој што изгуби близок и сите што ги загубивме и тоа е најважно денес. И сè што се случува вечерва заостанува зад тоа“, рече Свифт.
Во нејзиниот последен говор на вечерта, таа ја прослави својата победа за наградата Видео на годината со специјален повик до момчето Тревис Келче. „Сè што ќе допре овој човек се претвора во среќа, забава и магија, па затоа сакам да му се заблагодарам“.
Taylor Swift thanks her boyfriend Travis Kelce during her acceptance speech for video of the year at the 2024 #VMAs pic.twitter.com/7VbsBs1ohZ
— The Hollywood Reporter (@THR) September 12, 2024
Таа, исто така, ја нагласи важноста на фановите што имаат повеќе од 18 години да се регистрираат за да гласаат на претстојните претседателски избори во САД.
Подготви: Ј. Ѓ.