ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарското МНР – посетата на Сиљановска Давкова не беше официјална

September 17, 2024 23:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското Министерство за надворешни работи во врска со знамињата на средбата меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во петокот во Софија, вели дека посетата не била официјална.

Од Министерството за бугарската Нова, велат дека бугарскиот амбасадор во Скопје вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, како што се наведува, „поради посетата на претседателката на Република Северна Македонија на Софија на 13 септември и коментарите во јавноста во врска со фотографиите од средбата“.

-Посетата беше по повод културниот настан – гостувањето на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета. Во вакви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање химни, поставување на други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Горенаведеното било посочено и од амбасадорот Радуков вчера во неговиот разговор со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, велат од бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека „водени од желбата за добрососедски односи и останувајќи последователни во политиката за поддршка на отворен дијалог со партнерите од Република Северна Македонија, од бугарска страна беа упатени покани до министрите, кои ја придружуваа претседателката Сиљановска-Давкова, за средби со нивните хомолози. За жал, поканата од министерот за надворешни работи, Иван Кондов, до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски била одбиена“.

Бугарскиот амбасадор вчера беше повикан во МНРНТ, каде му била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што е побарано дополнително објаснување од бугарската страна. Додека бугарскиот претседател Радев вчера кажа дека „посетата не била ниту државна, ниту работна“, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека „кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира“, затоа што, како што нагласува „ ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса“.

По дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев на средбата во петокот во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Радуков, кој вчера попладне беше повикан во македонското МНРНТ, одбил да ја прими протестната нота. Како што потврдија вчера за МИА од Министерството,  бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во однос на средбата на претседателката Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, кажа дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаМНР
Next Post

Хезболах соопшти дека 12 лица загинале во експлозиите на пејџери во Либан

НАЈНОВО

Затворени избирачките места низ земјава, почнува броењето на гласовите

October 19, 2025

ДИК: Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто

October 19, 2025
Скриншот

Нетанјаху и шефовите на безбедноста на итен состанок за Газа

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk