Седмото коло на 45 шаховска Олимпијада во Будимпешта донесе триумф на македонската машка репрезентација над Швајцарија, а дамите ремизираа со Тринидад и Тобаго.
Шахистите ја совладаа Швајцарија со 2.5-1.5 о со тоа ја забележаа третата победа во серија.
На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки одиграа 2-2 против Тринидад и Тобаго и со тоа го запишаа третото едноподруго реми.
Шаховската Олимпијада продолжува в четврток со осмото коло, а турнирот во Будимпешта ќе заврши в недела.