ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дендиас: Пријателски ја гледаме Северна Македонија

Шефот на грчката дипломатија порача дека Северна Македонија „има уште неколку денови да заврши уште неколку работи

October 10, 2019 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со пријателски чувства ја гледаме Северна Македонија и пријателски го гледаме овој народ, тоа е мала земја на која многу можеме да ѝ помогнеме, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, но додаде дека и „соседите треба да ја почитуваат чувствителноста на грчкиот народ“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за спроведувањето на Договорот од Преспа, Дендиас рече дека нашата земја во пресрет на Самитот на ЕУ се обидува да направи „колку што е можно повеќе”, но дека прави и „итроштини и обиди да го скрати патот”.

– Постојат две прашања: Спроведувањето на Договорот (од Преспа) и толкувањето на Договорот. Секој правен текст има и толкување. И за ова да бидеме согласни. Не може да толкуваат како што сакаат, треба да толкуваат како што треба. Ние со пријателски чувства ја гледаме Северна Македонија и пријателски го гледаме овој народ. Тоа е мала земја на која многу можеме да ѝ помогнеме. Можеме да инвестираме, можеме да ги повлечеме со нас во една заедничка европска иднина, но треба и тие да ги почитуваат чувствителностите на грчкиот народ и на грчкото општество, рече Дендиас, истакнувајќи дека она што ја интересира Грција е на северната граница да има пријател и не сака уште еден непријател.

Шефот на грчката дипломатија објасни дека станува збор за договор „што не може лесно да се толкува и треба да ја убедиш другата страна за толкувањето”, а како средство да се искористи интегративниот процес.

Во однос на европската перспектива на нашата земја и дали Грција ќе поддржи отпочнување пристапни преговори на претстојниот Самит на ЕУ, шефот на грчката дипломатија порача дека Северна Македонија „има уште неколку денови да заврши уште неколку работи“.

– Треба да направат уште некои работи, го имаме разјаснето тоа. Ние со задоволство ќе ви помогнеме. Ќе ви помогнеме, доколку ни помогнете, оваа реченица ја искористив пред Димитров. Тоа го знаат многу добро. Треба да се обидат малку повеќе, имаат уште неколку денови, рече шефот на грчката дипломатија.

Дендиас објасни дека во грчкото Министерство за надворешни работи постои Акциски план и ќе биде назначено надлежно лице за следење на спроведувањето на Договорот од Преспа од наша страна.

Тој нагласи дека мора „да се искоренат случаите на антиквизација“ и спомена дека „Министерството за надворешни работи на Северна Македонија се наоѓа на улица што се вика Филип Втори Македонски”, додавајќи дека “ова не е комплимент кон грчката страна”.

Дендиас во синоќешното интервју за ЕРТ го повтори ставот дека Атина ќе го почитува Договорот, што, како што рече, му го објаснил на министерот за надворешни работи Никола Димитров, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истото му го пренел и на претседателот на нашата Влада, Зоран Заев на нивната средба во Њујорк.

Извор: МИА

Next Post
Американските војници од 56-та Ударна бригада и војниците на Република Северна Македонија, Криволак, 5 јуни 2019 / фото: U.S. Army photo by Pfc. Ashunteia’ Smith

Шекеринска: Со измените и дополнувањата во Законот за одбрана, преминуваме во колективен систем на самоодбрана

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk