ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Шаховскиот гениј Ананд на ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски им додели златна плакета на Олимпијадата во Будимпешта

September 26, 2024 15:48
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: ШФМ

Фото: ШФМ

Share on FacebookShare on Twitter

За време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта, од страна на Светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд беше доделена златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал”. Доделувањето на оваа престижна награда се одвиваше во рамки на Конгресот на ФИДЕ за имплементација на шахот во образованието.

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма, известува Дамчевски.

Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, додели златна плакета на  ПСУ „Јахја Кемал” со златна плакета по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма.

Златната плакета е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Одлично се оценети и предложените подобрувања како проширувањето на наставната програма за да вклучи интердисциплинарни пристапи, проширување на шаховските клубови за различни возрасни групи и способности за пошироко учество.

Образовната комисија за шах при ФИДЕ годинава додели над 20 признанија согласно оценетите критериуми за златна, сребрена и бронзена плакета. Златната плакета ПСУ „Јахја Кемал” го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан. Највисокото признание го дели со уште 13 шаховски школи од земји во кои шахот е бренд и доживува најголема експанзија на светските првенства, како на пример Индија, Кина, а во ова друштво се и школи од САД, Шпанија, Бразил и други.

Ова престижно признание од Светската федерација за шах за прв пат е доделено на училиште во Македонија, инаку шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

 

 

Next Post

Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk