Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.
Министрите од македонската влада, и нивните унгарски колеги, како што може да се забележи од фотографиите што ги испратија владините служби, во став мирно го пречекаа унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид