ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународниот театарскиот фестивал „Рута“ во Драмски театар од 15 до 20 октомври

September 27, 2024 14:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото:Драмски театар

Фото:Драмски театар

Share on FacebookShare on Twitter

Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал „Рута“. Во текот на фестивалската недела на сцената „Ристо Стефановски“  публиката ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот.

Како што информираат од Драмски театар, во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри. Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска гостуваат, Казалиште Улисис во копродукција со театарот Гавела од Загреб. Местно гледалишче Љубљана од Словенија настапува со претстава работена во копродукција со Београдско драмско позориште. Со свои претстави од годинешнава продукција настапуваат и Градско позориште Подгорица и Драмски театар Скопје, стои во соопштението.

По церемонијата на свеченото отворање на 15 октомври во 20 часот, ансамблот на Драмски театар Скопје ќе ја изведе претставата „Хеда Габлер“ која премиерно беше изведена во април годинава и е работена по текст на Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценографијата е на Васил Христов, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман- Сања Арсовска, Судијата Брак – Зоран Љутков, Јерген Тесман – Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг- Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра Сара Климоска.

За втората фестивалска вечер на 16 октомври е најавена претставата од Хрватска. Режисерката Ленка Удовички и ансамблите на театар Улисис и Градски драмски театар Гавела од Загреб во копродукција ќе ја изведат нивната претстава „Опера за три гроша“ од класиците писателот Бертол Брехт и композиторот Курт Веил. Улогите им се доверени на актерите Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Ника Иванчиќ, Аница Контиќ, Ана Квргиќ, Лана Менига, Барбара Нола, Мада Першиќ, Тара Росандиќ, Дијана Видушин и Дени Санковиќ.

Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ темелена на истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија. Седуммина пријатели, кои собрани на вечера се дружат носејќи ги своите тајни во мобилните телефони,се плашат со едно мало невнимание, она што го сметаме само наше да не излезе на виделина. Улогите ги играат Сабит Сејдиновиќ, Ванеса Глоѓо, Албан Укај, Сенад Алихоџиќ, Дина Мушановиќ, Надине Мичиќ и Игор Скварица.

Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика на 18 октомври ќе се претстави ансамблит на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.

Београдско драмско позориште годинава на РУТА доаѓа со претставата „Швејк“ работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат актерите Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, Ивана Николиќ и Ивана Вукмировиќ.

Годенашново трето издание на РУТА во Драмски театар Скопје на 20 октомври го затвора претставата работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак е претстава која ја отсликува сложената мрежа на меѓусебни влијанија на сè’ и сите околу нас. Улогите ги толкуваат актери од ансамблите на Местно гледалиште Љубљана и Београдско драмско позориште: Бернарда Оман, Грегор Груден, Лара Волф, Изток Драбик Југ, Гегор Зорц, Лотос Шпаровец, Милена Васиќ, Јана Бјелица, Марија Пикиќ, Милан Зариќ, Стефан Старчевиќ и Милан Колак.

Tags: ДрамскиРУТА
Next Post

Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk