Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ
Уште камерите од поткастот за пропаганда не беа изгасени, кога Шафхаузенот отчука 100 дена.
Време беше за отчет, а сѐ уште немаше порака од консултантот од Будимпешта. Разочарувањето зошто доцнат препораките, се гледаше во неговите зацрвените очи. Помисли: “Ваљда не го разочарав и него?!” Вратена ограда, му го постави и омилениот му Ќосето. Сврте на исток, почна со 3.2% да му ги перат парите. Но, друго е пред новинари, друго е reel-че.
Почна да го бара текстот. Ја отвори фиоката каде пишуваше план, беше празна. И втората фиока на која пишува резултати, немаше ништо, и таа празна. Само фиоките за спружување и изговори беа полни. Немаше каде, пораката од консултанот од Будимпешта сѐ уште ја немаше, мораше да се напише за успесите. Успешно е проширен и надграден Опен Балкан, кој сака и како сака проаѓа граница, со флешери наместо пасоши. Успешно 40 луѓе беа во Њујорк да се сликаат со тенисери и шанкови. Со успех и репетиран пиштол се протнуваат лица по аеродроми. Успешно се заштеди во образованието, воодушевени наставници одбиваат поголема плата, англиски ќе се учи од серии, зарем не знаат дека руски е во мода. Зарем не е успех кога треба насмевка да се глуми кога се китиш со успешните инвестиции од претходниците? Успешно ги заштитивме градите на збунетите националисти. Не мора да се удираат у гради дека е сменето името и поништена Преспа. Така и во здравството се штеди. Дополнително, успешно се заштеди со замената од економски директор во советник. Во интерес на разочараните граѓани, успешно се укина субвенционирањето на сметките за струја.
Успешно менуваме закони по скратена процедура за вдомување на клиентелисти. Знам уште поголеми успеси во разочарувањето ќе имаше, доколку беа побрзи компјутерите во царина, каде постојано се поминува во сурфање низ фактури.
Со еден збор, успешни изговори за разочарани гласачи.
100 дена, 100 проценти разочарувања, за тебе.