Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
100 дена влада, 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики. 100 дена влада, 100 дена порази. 100 дена влада, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш.
Ова иако звучи како да е напишано денес, всушност е реакција од 2022 година на Центарот за комуникации на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ на стоте дена од владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ, предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски.
Уште се додава дека предводникот на тогашната коалициска влада, СДСМ, на земјава и донел 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања.
Од сегашна гледна точка, излегува дека Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред две години си го напишал епитафот за нивните 100 дена од владеењето.
Преземено: Цивил Медиа