ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните и фирмите да користат алтернативни начини на комуникација со АЕК

Во најголема мерка треба да се користат алтернативните методи на комуникација како што се: пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта

March 17, 2020 12:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги охрабрува граѓаните и соработниците да користат  алтернативни начини за комуникација со оваа институција. Нејзините вработени по препораките од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот ќе ги извршуват од дома работните задачи за кои не е потребно физичко присуство во просториите на Агенцијата.

-Во најголема мерка треба да се користат алтернативните методи на комуникација како што се: пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта contact@aec.mk, комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон. Контактите на вработените вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број се достапни на веб страната на Агенцијата www.aec.mk .Во ситуации кога ќе треба да се обратат  по писмен пат, дописот ќе треба да го остават на рецепцијата на Агенцијата, а стручните служби ќе постапат, објави АЕК на својата веб страница.

Вработените во АЕК ќе ги користат сите расположливи технички алатки со цел да се избегне непосреден контакт, како што се: виртуелни конекции за пристап до податоците и системите, видео конференции, комуникација преку интернет алатки и електронска пошта.

За сите активности кои  што се поврзани со пристап до системи за кои што нема можност да се пристапи од дома, активности кои што се поврзани со стручни надзори во однос на работата на операторите и исполнување на законските обврски, теренски излегувања и отстранувања пречки во радиофрекфенцискиот спектар и слично, вработените редовно ќе постапуваат согласно воспоставениот начин и метод на работа.

-При ваквиот начин на алтернативна работа настојуваме во целост да ги испочитуваме законските рокови и обврски за квалитетот и достапноста на електронските комуникациски услуги како и законските надлежности што ги има Агенцијата, а во исто време да бидеме во насока со препораките на Владата и да го сведеме на минимум ризикот од ширењето на Корона вирусот COVID-19. Ваквата начин на работа ќе биде координиран од кризниот штаб во Агенцијата, кој што денес го одржа првиот состанок. Кризниот штаб редовно ќе состанува со цел да се согледаат ефектите и евентуалните проблеми од ваквиот начин на работа, се вели во објавата.

Next Post

Шпанскиот Сенат денеска ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk