ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шпанскиот Сенат денеска ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата заеднички ќе го проследат гласањето. По ратификацијата следува прес-конференција на Димитров и Лоренце Сера.

March 17, 2020 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сенатот на Шпанија денеска во 13:00 часот ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Седницата ќе се одржи со видеолинк, а сенаторите ќе гласаат без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави.

На седницата физички ќе присуствува претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина, а сенаторите ќе гласаат преку видеолинк.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата заеднички ќе го проследат гласањето. По ратификацијата следува прес-конференција на Димитров и Лоренце Сера.

– И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! ¡Muchas gracias España!, објави минатата недела на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Никола  Димитров.

И претседателот Стево Пендаровски минатата недела информираше дека Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот.

-И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на Парламентот на која дел ќе биде и преку видеолинк и ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е ратификацијата на Пристапниот протокол за нашата држава за членство во Алијансата. Колку е голема солидарноста на шпанскиот Парламент, министерката за родова еднаквост е заразена со вирусот, а во самоизолација е и вицепремиерот на шпанската Влада, рече Пендаровски.

По ова, како што додаде, на 17-ти март очекуваме само уште потпис од шпанскиот крал. – Јас на мојата недамнешна куса средба со во Ерусалим добив директна потврда и гаранција дека тоа ќе биде завршено практично истиот ден кога и ќе стигне тоа за потпис во неговиот кабинет, додаде Пендаровски.

За жал поради коронавирусот, рече минатата недела Пендаровски, ние не можеме да го организираме настанот со кој сакавме на еден симболичен начин да го покажеме нашето физичко практично пристапување кон НАТО-Алијансата.

Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се одолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Next Post

Три случаи на непочитување на самоизолацијата во Струмица и Тетово, четири се проверуваат во Скопје

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk