ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

October 3, 2024 10:36
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на вчерашната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.

Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се досегашните претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик – генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија.  Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.

На оваа седница се донесени одлуки за објавување јавен оглас за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, за објавување јавен оглас за именување на членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за измена на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев” и одлуката за избор на претседател и за објавување јавен оглас за членови на Советот за граѓански надзор.

Пратеницицикте ги избраа членовите и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Претседател на Комисијата за правична застапеност е Талат Џафери, пратеник на ДУИ, а членови Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојановска, Антонијо Милошоски,  Александар Велјановски, Драган Ковачки, Драган Неделковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи и Соња Мирковска.

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ кажа дека нејзината пратеничка група ќе го поддржи формирањето на оваа комисија, која, според неа, е резултат на соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ.

На седницата на натамошно читање беа дадени измени и дополнувања на Законот за експропријација, на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за вработените во јавниот сектор, на Законот за административни службеници, на Законот за управната инспекција, на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, за изменување на Законот за јавните претпријатија, за измени и дополнувања на Законот за заштита на конкуренцијата и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Основна цел на предложените измени на Законот за експропријација е допрецизирање на постапката за експропријација во делот на постапување по предлогот за експропријација, поставување на привремени застапници на сопственици на недвижности кои се предмет на експропријација и поништување на решенија за експропријација и раскинување на спогодби постигнати во постапката како и овозможување на продолжување на рокот за привремено заземање на соседно земјиште во услови кога се во тек изградба на објекти од стратешки интерес и други капитални објекти од јавен интерес.

Со измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, по скратена постапка, се имплементираат препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, усогласување со законодавството на ЕУ, заклучок на Владата на Република Северна Македонија и др.

На дневен ред на оваа седница беа донесени и измените и дополнувањата на Законот за медиуми, во прво читање.

Дневниот ред беше дополнет и со измени на Законот за вино и Конечен извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“, за коишто ќе се расправа кога ќе се создадат деловнички услови, информираше потпретседателката на Собранието Весна Бендевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Борис КондаркоДИК
Next Post

ВРЕДИ: Европскиот Фронт се распаѓа од лагите на Ахмети

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk