ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Курти бара предавање на Радоичиќ како услов за продолжување на дијалогот со Србија

October 4, 2024 16:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите.

„Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно“, изјави Курти.

Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани.

„Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме – Косово е подобро од кога било досега“, вели Курти.

Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот.

Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг.

Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово.

„Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен“, изјави Курти.

Tags: КуртиПредавањеРадоичиќуслов
Next Post

ЦУК: Ако врнежите бидат поројни, како што е најавено, можни локални излевања на помалите водотеци и проблеми во градовите

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk