Половина од сите артилериски гранати што Русија ги користи во Украина ги испорачува Северна Кореја, објави магазинот Тајмс на 4 октомври, повикувајќи се на западни разузнавачки извори.
Според весникот, околу 3 милиони годишно се испорачуваат од Пјонгјанг во Москва, иако се верува дека голем број се неисправни.
И покрај тоа, „Тајмс“ објави дека огромниот број испорачани гранати одиграле клучна улога во руското напредување во источна Украина, вклучително и последното заземање на Вуледар во Донецката област претходно оваа недела.
Со оглед на тоа што залихите на руска муниција се смалуваат поради големата употреба во Украина, Северна Кореја се обликува како водечки надворешен добавувач на оружје на Русија.
Во август, Јонхап објави дека Северна Кореја најверојатно испратила контејнери во Русија кои би можеле да содржат повеќе од 6 милиони артилериски гранати.
Во замена за муницијата, Русија наводно и дала на Северна Кореја технологија за да и помогне да распореди шпионски сателити, како и тенкови и авиони.
Кон крајот на јуни, рускиот претседател Владимир Путин го посети Пјонгјанг, каде што потпиша договор за партнерство со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој вети дека ќе си обезбеди помош еден на друг доколку некој од нив биде нападнат.
Шин Вон-сик, јужнокорејскиот министер за одбрана, во јуни изјави дека Пјонгјанг исто така испратил десетици балистички ракети кои московските трупи ги лансирале против Украина.
Но, нивната ефикасност, исто така, беше доведена во прашање – околу половина од севернокорејските ракети истрелани кон Украина од Русија се нефункционални и експлодираа во воздух, објави Ројтерс на 7 мај, цитирајќи го Генералното обвинителство на Украина.
Ако се земе предвид дека истовремено со употребата на севррнокорејски гранати, Русија во нападите на украинските градови користи и дронови од иранско производство, стануваат апсурдни заканите на Кремљ за користењето на оружјето од западно производство испорачано на Украина за напади врз руските позиции.
Драган Мишев / Цивил Медиа