ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ристески: Цели 3 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

October 6, 2024 14:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром влегува во последната година од мандатот. Цели 3 години Тимчо Муцунски и Дејан Митески потрошија на лаги, изговори и празни ветувања.  Во Аеродром никогаш не било полошо, секојдневно повторуваат нашите сограѓани.  За 3 години ниту една од ветените четири нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче, не е ниту започната да се гради, истакна на денешната прес-конференција, Милутин Ристески, советник во Советот на општина Аеродром и претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Тој изјави дека „условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства – доброволен прилог за течен сапун, влажни марамици, тонери, хартија, клима уреди и слично. Го имавме и првиот случај на труење на над 140 дечиња од прво до трето одделение, со храна подготвена во училишната кујна“.

По 5 години, посочи Ристески, укинат е и проектот за бесплатни часови по пливање за првачињата и дечињата со попреченост од прво до трето одделени.

„Нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром им беше ветено на нашите сограѓани пред три години. Паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар требаше да биде готов пред 2 години. Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на овој парк.

Општината никогаш не била позапуштена. Неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор се само мал дел од очајното секојдневие на нашите сограѓани.

Општина Аеродром досега требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, 3.000 нови паркинг места, вело-патеки на сите улици, нови кружни текови (меѓу Мичурин и Стар Аеродром, на бул. 12 македонска бригада, кај училиштето Љубен Лапе), нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче. Ништо од ова не е изградено и нема да биде изградено ни до крајот на мандатот.

Не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром.

Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари.

И по 3 години Општина Аеродром нема стратегијата за млади, ги нема и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари, спортските субвенции за млади во износ од 600 денари.

До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени сите постапки за легализација, а со ова темпо нема да ги завршат ни до крајот на мандатот.

За 3 години стотици нереализирани проекти, 1.000 изговори. Жителите на Аеродром се прелажани. Лагите на Тимчо Муцунски се заманети со новите лаги на Дејан Митески и Христијан Мицкоски. Константа е само неспособноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за своите сограѓани во Аеродром.

Трпението на граѓаните е при крај. Доста е од изговори и празни ветувања. Граѓаните бараат дела, граѓаните бараат промени“, потенцира Ристески.

 

 

Tags: Милутин РистескиОпштина АеродромСДСМ
Next Post

Дефиле во Битола – лицата со телесен инвалидитет бараат подобра пристапност до институциите

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk