ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција на МЕПСО на обвинувањата од ДУИ

October 7, 2024 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок, реагираат од МЕПСО на обвинувањата од ДУИ.

„Потребата за ваква набавка е наведена во планот на јавни набавки за 2024 г.,  истата е објавена во месец мај, а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јули од страна на менаџерскиот тим во заминување. Бидејќи постапката беше во финална фаза, а соочени со можноста од правни последици, АД МЕПСО ја потпиша истата. Инаку станува збор за рамковна спогодба склучена за временски период од 12 месеци што значи дека не постои обврска за искористување на средствата. Како нов менаџерски тим цениме дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки. До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата. Оттука цениме дека денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања. Ја повикуваме јавноста да ја следи реализацијата на набавката преку електронскиот систем за јавни набавки затоа што јавноста има право да знае како се трошеле и трошат средствата на компанијата која е во државна сопственост. Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари“, се наведува во реакцијата од МЕПСО.

Претходно, Демократската унија за интеграција на прес-конференција извести за, како што велат „неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за сума од над 1.000.000 денари“.

Поврзано: 

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

 

Tags: ДУИМЕПСО
Next Post

Кузеска: За само100 дена ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk