Полицијата на шест европски земји и Интерпол повторно отвораат истрага за 46 жени кои биле убиени или починале под сомнителни околности за да се идентификуваат нивните останки, соопшти денеска Интерпол.
-Сакаме да донесеме одговори до семејствата и да обезбедиме правда за жртвите, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.
Операцијата наречена „Идентификувајте ме“ ја прошири истрагата надвор од Белгија, Холандија и Германија до Франција, Италија и Шпанија.
Во првата фаза од истрагата требаше да се разјаснат имињата и судбината на околу 22 жени чии тела биле пронајдени низ годините. Благодарение на информациите од јавноста, идентификувани се посмртните останки на Британката Рита Робертс, 31 година откако нејзиното тело беше пронајдено во Белгија. Шток истакна дека помошта од јавноста е клучна. -Не можеме сами, рече тој.