ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓанските организации ја повикуваат Европската комисија да ја зајакне поддршката за праведна транзиција

October 9, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА

Група граѓански организации, вклучувајќи ги CEE Bankwatch Network и Еко-свест, ја повикуваат Европската комисија и други чинители да ја зголемат поддршката за праведна транзиција за заедниците зависни од јаглен на Западен Балкан.

Во најновиот извештај (1) тие посочуваат конкретни чекори кои Европската Комисија, меѓународните финансиски институции и националните влади треба да ги преземат за да ја забрзаат праведната транзиција и да овозможат локална економска диверзификација, осигурувајќи дека ќе се одговори на потребите на граѓаните и дека никој нема да биде изоставен.

Платформата на ЕУ наменета да ги поддржи регионите зависни од јаглен да се подготват за енергетската транзиција и да разменуваат искуства со заедници од ЕУ кои се соочуваат со слични предизвици, наречена Иницијатива за региони со јаглен во транзиција за Западен Балкан и Украина (2), функционираше од крајот на 2020 до крајот на 2023 година, но засега сеуште не е во функција нова слична иницијатива, со што локалните власти се оставени во неизвесност за тоа каква поддршка понатаму можат да очекуваат за овој сложен и скап процес.

Невена Смилевска, координатор за праведна транзиција за Западен Балкан, CEE Bankwatch Network — „Потребно е итно да се обнови и прошири поддршката од Европската Унија за заедниците зависни од јаглен за да се овозможи праведна транзиција кон економија која не зависи од фосилни горива. Целта на препораките дадени во овој извештај е да се осигура дека локалните власти ќе бидат подготвени и ќе ги имаат потребните ресурси за планирање. Со тоа на заедниците зависни од јаглен, наместо да бидат оставени сами да се снаоѓаат или да бидат ставени во позиција да заостануваат, ќе им се овозможи во брзиот процес на енергетска транзиција и самите да напредуваат.“

Препораките ја нагласуваат потребата од насочено финансирање за проекти на општинско ниво, бидејќи локалните власти често не располагаат со доволно ресурси за самите да го испланираат процесот на транзиција на начин кој овозможува тој да биде праведен за сите граѓани во општината, ниту пак имаат средства таквите планови да ги спроведат. Специјализирани финансиски алатки за поттикнување на економска диверзификација и создавање на мали пилот-проекти може да помогнат да се прикажат можностите што ги нуди иднината без фосилни горива. За да се обезбеди отчетност и ефективност, финансирањето мора да биде условено со зајакнувањето на локалната самоуправа и со следење на транспарентноста на сите процеси поврзани со енергетската и праведната транзиција.

Слични препораки беа изнесени минатата недела во манифест потпишан од шест градоначалници од општини зависни од јаглен во Западен Балкан (3). Градоначалниците ја повикуваат Европската комисија да ги поддржи нивните напори за декарбонизација на локалните економии преку зголемување на техничката помош, промовирање на успешни приказни и олеснување на посилни партнерства со региони во Европската Унија кои биле или сè уште се зависни од јаглен.

Елена Николовска, програмски координатор за клима во Здружението Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје — „Новата Европска комисија мора да ја искористи можноста позитивно да влијае преку адресирање на овие итни потреби и помагање на Република Северна Македонија да постави курс кон праведна и одржлива иднина. Ја повикуваме Комисијата да ја потврди својата посветеност кон македонските региони зависни од јаглен и да обезбеди потребна поддршка за праведна и ефективна енергетска транзиција.“

Истото беше и голем дел од заклучоците кои произлегоа од локалните форуми на заедницата во Битола во ко-организација на Еко-свест и општината, каде се дискутираа проблемите и се изготвуваа препораки со визија за развој на Битола без јаглен. Главната препорака за развој на регионот беше дека е потребна техничка и финансиска подршка но и активно вклучување во централните процеси на носење одлуки од значење за локалните заедници.

Tags: граѓански организацииЕК
Next Post

Мисајловски: Го раскинавме договорот со надворешната компанија за кетеринг

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk