ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оптимус на Маск ќе ни помогне да исчезнеме, дури во следната генерација ќе може да нѐ спасува!

October 13, 2024 11:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Роботот Оптимус на Тесла крши јајца

Роботот Оптимус на Тесла крши јајца

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Роботот Оптимус на Илон Маск ќе ја преобрази цивилизацијата и планетата, во
тоа не се сомневам, но најголема надеж полагам во неговата примена во Северна Македонија.

Во следната генерација Оптимус би можел да биде премиер, а со оглед на решението што го имаме денеска, мислам дека и во сегашното издание може да седне на чело на македонското правителство.

Да се вози во прва класа со здрави колена, со синчето до себе на сметка на домашниот буџет, да се облекува кај Зења и Хермес, да седи на маса со Орбан и Радев, да ја напише преговарачката рамка со БРИКС според моделот на македонските национални интереси, да го врати вечното име чија вечност предавниците од сдсм и дуи ја беа прекинале, Оптимусот весна, нормално, во својот ххххххл формат, ќе го преобрази образованието во голема фабрика за производство на вморонски бројлери, децата што останаа, колку се толку се, да ги научи да ја бранат Македонија од клетите непријатели, оптимусите ќе ја шишаат тревата пред владата и во дворовите на Горското началство, ќе го ебат националниот координатор за демографија и така ќе ја подобруваат популационата слика на Македонците, ќе бидат добри академици кои од поморот на македонскиот род ќе направат пуканки за во кино и ќе ги делат во фишеци од национални манифести и меморандуми, таканаречени ќулафки, ќе ги откријат корените на македонскиот јазик во шестиот век пред Христа и ќе научат да свират на зурли, тапани и гајди.

Добро, и кавали и сворчиња.

Тоа е една реална проекција во која роботите доаѓаат како очовечена форма за да интервенираат во настојувањето на Македонците да ја убијат државата и да исчезнат од богатството на животинското царство побргу од царските пингвини.

Да им се најдат.

Маск вели дека во следната генерација ќе можат да ги претворат сите вморони во биомаса затоа што првата генерација ќе им остави порака дека со вакви идиоти не се работи држава.

Голем број Македонци веќе се орвеловски роботизирани во моделот Октопус вмро-дпмне. Нормалните Македонци секој ден го слушаат владиниот агент О’Браен како повторува:

„Ние владееме со животот, Винстоне (еден од  нормалните Македонци), ти замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа која ќе се згрози над она што го правиме и ќе се сврти против нас. Но човековата природа ја правиме ние. Луѓето се бескрајно ковки.“

Винстон е еден од поединците кои Партијата сака да го сведе на компонента која постои само за да ги унапредува интересите на целината. Националните интереси на Македонија. Винстон сѐ уште е нормален Македонец затоа што се буни и заедно со својата љубовница Јулија почнува потрага по едноставни задоволства – шеќер, кафе, бела хартија за пишување, приватни разговори, нежно видење на љубов. Но, владиниот агент О’Браен јасно му кажува дека такво поведение нема да се толерира.

Денеска во Нордот за таквите ко Винстон, викаат дека се предавници.

Ако додека сите одговорни припадници на нацијата и верни чеда на Партијата и на Големиот брат, мразат Шиптари и балансери, а ти сркаш кафе на некоја тераса или ебеш некоја убава мома, ти си изрод и предавник кого партијата или ќе го превоспита или ќе го ликвидира.

Или ќе ти даде 5 посто поголема плата!

Хахаха!

Ова е можеби пренагласено драматизирање на ситуацијата во Македонија, но она што не е пренагласено, туку е точно и најопасно, е фактот дека злосторничката власт сега и истата структура кога беше во опозиција, заедно со сите медиуми, ја променија во катастрофа природата на Македонецот до мерка во која тој всушност престана да знае што е и да постапува во согласност со тоа што е. Сега е Македонец кој се однесува како магаре или е магаре кое глуми дека е Македонец, така некако. Со тоа што во таа промена што ја изврши Октопусот вмро-дпмне, го вгради чипот на сопствената непроменливост.

Од магарето да не може со никаква еволуција или еднократна научна интервенција да се направи Македонец.

Оптимусот на Маск нема капацитети за таков подвиг.

Можеби некоја нова генерација.

Оптимус 34 ПРО!

Веројатно дека триесет и четворката ќе може од магарето да направи Македонец, но се поставува прашањето за кој курац роботите би ризикувале ново загадување на животната средина само поради некакви романтични или биодиверзитетни причини.

Само нормалните Македонци можат на Големиот архитект да му пружат смислени причини на својата борба против помагарчувањето на нацијата, односно против злосторничката инсталација на Октопусот вмро-дпмне.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Потопло со мала до умерена локална облачност

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk