Именувана по кинеската опсерваторија и јужноафриканската програма што ја откри во 2023 година, „кометата на векот“ можеби се формирала на растојание до 400.000 пати од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Нејзината кома или глава е со дијаметар од околу 209.000 км, а опашката се протега на 29 метри км. Кометата не се очекува да се врати уште 80.000 години, пренесува Гардијан.
– Светлината од супермесечината ќе го попречи погледот на дел од опашката на кометата, но глетката, сепак, вреди да се гледа по зајдисонце. Повеќето астрономи, меѓутоа, ја мразат полната Месечина бидејќи нејзината силна светлина го отежнува гледањето на другите вселенски тела, изјави Бил Кук од НАСА.
View this post on Instagram
Периодот од средината до крајот на октомври ќе биде најдобар за набљудување, кога вселенското тело ќе се појави на запад, веднаш по зајдисонце. Оддалеченоста од Земјата ќе биде околу 71 милион километри. Астрономите очекуваат дека, доколку условите се соодветни, ќе биде доволно светло за да се види и со голо око, или барем со двоглед.
Се проценува дека „А-3“ последен пат била близу Земјата пред околу 80.000 години, во предисторијата.
View this post on Instagram
Приказ од патот на кометата.
Подготви: Б. Т.