ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња

October 17, 2024 13:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги изнесе тврдењата дека имигрантите од Хаити во Охајо јадат домашни миленичиња, изјавувајќи пред гласачи на латински настан во Мајами дека „само пренел“ што медиумите известувале.

На неколку недели пред претседателските избори во САД, Трамп вчера повторно го  изнесе тврдењето што стана вирално, дека мигранти од Хаити во Спрингфилд крадат миленичиња или земаат животни од парковите и ги јадат. Американските медиуми, но и официјалните лица во Охајо, вклучувајќи и републиканци, повеќепати изјавија дека тоа не е точно и оти целата приказна е измислена..

На настанот организиран од шпанската телевизија „Унивижн“, еден латино републиканец од Аризона го праша Трамп дали навистина верува дека имигрантите јадат домашни миленичиња. – Само пренесував што беше известувано, му одговори Трамп.

Тој додаде дека „весници“ известувале за темата, иако не посочи конкретен медиум ниту даде други детали. Трамп, кој сè уште го нема посетено Спрингфилд, претходно рече дека ќе спроведе масовни депортации на имигранти од Хаити од градот, иако повеќето од нив легално живеат во САД.

Трамп се натпреварува против демократската кандидатка Камала Харис за гласовите на латино популацијата. Латино гласачите обично ги поддржуваат демократите, но кампањата на Трамп се надева дека ќе освои повеќе гласови, особено меѓу мажите, поради економското незадоволство, пренесе агенцијата. Според анкетите на Ројтерс и Ипсос спроведени од 11 септември до 7 октомври, Харис водела меѓу латино гласачите со осум проценти – таа имала 47 отсто, а Трамп 39 отсто.

Tags: домашни миленичињајадатмигрантиТрамп
Next Post

Зеленски го претстави Планот за победа на самитот на ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026
Илустрација Фронтлајн

Започна 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk