ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Блинкен за убиството на лидерот на Хамас, Синвар: „Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот“, „светот е подобро место без него“

October 18, 2024 09:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, како „добар ден“ за светот, нагласувајќи дека тоа исто така ја отстрани клучната пречка за прекин на огнот во Газа и договор за заложници.

„Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот. Сега постои можност за „ден потоа“ во Газа без Хамас на власт, и за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците“, рече Бајден во писмената изјава.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во изјава истакна дека „Синвар беше свиреп и непокајан терорист одговорен за најголемиот масакр на Евреи по Холокаустот’

-Јахја Синвар беше свиреп и непокајан терорист одговорен за најголемиот масакр на Евреи по Холокаустот. Терористите на Хамас по негово водство убиваа Израелци, Американци и граѓани од повеќе од 30 земји. Тие киднапираа и држеа како заложници доенчиња, стари лица и други цивили. Неговата одлука да ги започне терористичките напади на 7 октомври донесе катастрофални последици за народот на Газа, кој сега  повеќе од година дена ги трпи  ужасите на војната. Се сеќаваме денеска на жртвите на неописливите злосторства на Синвар и се надеваме дека неговата смрт ќе им донесе некаква правда. Соединетите Американски Држави стојат заедно со Израел во процесот на одговорност за нападите на 7 октомври и гаранциите дека таков напад никогаш повеќе нема да се повтори, изјави Блинкен, додавајќи дека „светот е подобро место без него“.

Блинкен истакна дека во текот на изминатите месеци, Синвар повеќепати ги одбиваал напорите на Соединетите Држави и партнери да се заврши оваа војна преку договор за враќање на заложниците кај нивните семејства и олеснување на страдањето на палестинскиот народ.

-Во наредните денови, Соединетите Држави ќе ги удвојат напорите со партнерите за окончување конфликтот, да се обезбеди ослободување на сите заложници и трасирање на нов пат кој ќе им овозможи на народот на Газа да ги обноват своите животи и да ги остварат своите аспирации, ослободени од војна и од бруталните стеги на Хамас, рече Блинкен.

Израелските војници го убија лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се сметаше за организатор на нападот на палестинските екстремисти на југот на Израел на 7 октомври.

Синвар е „елиминиран“ во средата во Тел Султан, населба на најјужниот град во Газа, Рафа, соопшти доцна синоќа израелската армија.

Само неколку дена по 7 октомври, израелските истражители го идентификуваа Синвар, тогашниот воен водач на Хамас во Газа, не само како главен организатор на тој ненадеен напад, наречен „Поплава во Ал Акса“, туку сфатија дека тој го планирал и организирал нападот речиси сам, пишува британски Гардијан.

За плановите знаеле само мал број негови најблиски соработници, а некои само неколку дена пред нападот.

Во нападот загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени повеќе од 250 заложници, што предизвика израелска офанзива. Досега се убиени повеќе од 42.000 луѓе во Газа и уништени големи делови од таа палестинска енклава.

Tags: БајденБлинкенЈахја СинварХамас
Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk