Проектите од Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце се одбиени за пари од унгарскиот заем.
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во изјава за „Фронтлајн“ вели дека за оваа Влада, Струмица не постои.
– Општина Струмица не доби пари од Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ по огласот за помош на Општините од унгарскиот кредит за реализација на инфраструктурни проекти. Струмица е одбиена, а граѓаните казнети и оштетени со околу 140 милиони денари, средства за кои аплицираше Општината за реализација на проектот за нов Градски пазар. За оваа Влада Струмица не постои. Срамно и жално, затоа што и граѓаните на Струмица и населените места плаќаат данок од кој ќе се враќа унгарскиот кредит. Ќе враќаат кредит од кој не добија ниту денар иако помпезно се најавуваше дека сите Општини ќе добијат пари за инфраструктурни проекти, вели градоначалникот во изјава за „Фронтлајн“.
Со оваа владина одлука, додава тој, не се прави штета само на Градоначалникот, туку на целата Општина во којашто живеат луѓе со различна политичка определба.
– Проектот за кој Општината побара пари има подеднакво значење и за граѓаните од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите политички партии. Струмица и струмичани нема да го заборават овој игнорантски однос, не им е прв пат, но секогаш излегувале посилни, така ќе биде и сега. Ќе се реализира и овој и уште многу други проекти. Ќе биде Струмица уште по многу нешта прва и единствена Општина во државата и регионот, подвлече Костадинов.
Иако Владата најавуви 250 милиони евра поддршка за општините од унгарскиот кредит, доделени се само65 милиони евра.
На огласот аплицираа 80 општини со вкупно 357 проекти, а од нив 77 општини ќе добијат финансирање за 274 проекти, чија вкупна вредност изнесува 65 милиони евра.
Општините кои не се под контрола на власта нема да добијат ниту денар од унгарскиот заем на Христијан Мицкоски и Викор Орбани. Иако и од данокот на граѓаните кои живеат во овие општини ќе треба да се плати кредитот и неговата камата.
Д. Јонузи
Поврзано:
Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце трн во окото на владата на Мицкоски!