ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Незадоволни сместените во карантин, Владата да разгледа секој што ја напушта земјава, да стави потпис дека не се враќа 3 месеци

Вести во период од 6 до 9 часот.

March 18, 2020 09:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сместените во карантин на Криволак, незадоволни од условите. Тие тврдат дека се тестирани неколку пати претходно, но велат дека не е проблем да бидат тестирани и повторно, но одбиваат да останат во касарната.

Владата ќе ја разгледа можноста, ако некој излезе од државата, да потпише дека нема да се враќа три месеци.

Вкупно 31 заболен од корона вирус, политичарите согласни дека изборите треба да се одложат.

–   Од петте новозаболени  и четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Меѓународниот Аеродром Скопје од полноќ се затвора за патнички летови. Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.

Самитот на ЕУ на кој се очекува почеток на преговорите ќе биде видео конференција. Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци на амбасадорско ниво укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.

Косово: Владата е против идејата на Тачи да се прогласи вонредна состојба.

Владата смета, рече Абази, дека мерката што ја предложи Тачи е „екстремна и непотребна” и може да и нанесе штети на државата.

– Тоа што е предложено како вонредна состојба од страна на претседателот, владата го смета за екстремна и непотребна мерка, која може да им наштети на адекватните мерки кои ги презедоа владата и институциите на Косово, изјави Абази, оценувајќи дека Тачи, со таквите потези, може непотребно да предизвика паника кај граѓаните.

Министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги замолува граѓаните да не патуваат ако навистина не мораат, посебно не во најкризните држави моментално зафатени со епидемијата на корона вирус. Димитров во својот статус пиша: Синоќа апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1331.

Потврдени првите два случаи на Ковид-19 во Црна Гора. Премиерот Душко Марковиќ ја потврди информацијата на прес конференција. Тој нагласи дека до вчера Црна Гора беше единствената земја во Европа која досега немаше регистрирано ниту еден случај на  Ковид-19.

Ризиците од пандемијата го вадат најлошото од човештвото.

Next Post

Повторно инциденти на грчко –турската граница кај Еврос

Shortcut

Најново

Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk