Меѓународниот аеродром Скопје од полноќ ќе биде затворен за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата за спречување на внесување и ширење на корона вирусот.
Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.
– Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе нема патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови – стои во вчерашното соопштение.